Архитектонски услуги
Побрзо планирање и визуелизирање
Нашите прозорци, влезни врати, балконски врати и подигачко-лизгачки врати овозможуваат многу опции за планирање и оптимално се прилагодуваат на потребите на клиентите, без оглед дали станува збор за форма, боја, топлинска изолација, заштита од провали и звучната изолација. За да имате повеќе слободен простор за креативни идеи и повеќе време за консултации, развивме низа од корисни алатки и услуги за планирање. Тие ќе помогнат во планирањето и ќе ги намалат административните трошоци.
(Building Information Modeling): Виртуелно планирање со REHAU
Доколку веќе користите БИМ (BIM) во своето архитектонско биро, можеме да доставиме податоци кои се потребни за визуелизирање во програмата БИМ (Building Information Modeling).
Во видеото ги покажуваме сите предности, кои ги има оваа алатка за виртуелно планирање.
Преглед на други услуги
Советување
На телефон или директно на лице место, нашите експерти секогаш одвојуваат време за прашања, повзрани со техничките детали кои се потребни при планирањето.
Софтвер за планирање
Нашиот софтвер за планирање, овозможува поддршка за архитектите, без оглед да ли е пресметка на статиката или оптоварување од ветерот, подговотвка на тендерска документација, или пристап до технички информации.
Портал за клиенти
Порталот за клиенти во секое време обезбедува информации за нашите системи за прозорци и врати. Така, нашите клиенти секогаш се во тек со новитетите.
Семинари
REHAU академијата обезбедува бројни семинари и вебинари, на кои се добиваат квалификувани познавања за прозорците и нивно планирање во проекти.
Голем избор на дизајни: за остварување на вашите идеи
REHAU прозорците и вратите се универзални и можат се
Со повеќе од 400 опции за дизајн, не постои концепт на фасади, кој нема да може да го реализирате, со REHAU прозорците: прозорци со големи површни со благороден алуминиумски изглед, необични прозорски елементи со кружна или шестаголна форма, во скоро сите RAL-бои и со најразлични структури на површината. REHAU прозорците се прилагодуваат на секоја идеја.
Креирање со KALEIDO COLOR: Фолија или лакирање, алуминиумски изглед или чувство на дрво
Класично бела боја, природен изглед на дрво, актуелни едноставни бои или пак изглед на метал. Во нашата палета ги имаме речиси сите RAL-бои. Прозорците и вратите може да се конструираат различно, однатре и однадвор. Над 400 различни можности за креирање на прозорците, за секој индивидуален проект – ова овозможуваат боите од програмата KALEIDO COLOR, различните фолии од програмата KALEIDO FOIL, лаковите од програмата KALEIDO PAINT, алуминиумски капаци KALEIDO COVER.
KALEIDO WOODEC
Ново кај KALEIDO COLOR
Соодветно на актуелниот тренд на дизајнот „Скандинавија" што е достапен во три различни тонови на даб, програмата KALEIDO WOODEC на прозорците им дава посебно чувство и изглед на дрво, кое одвај да може да се разликува од вистински дрвени прозорци.
Обединува дизајн и функција:
Нашиот поден праг без препреки RAUCERO – со висина на прагот од 0 mm
- Лесно чистење
- Оптичка атрактивност
- Совршено прилагодено на REHAU системите за влезни и балконски врати
- Оценето како најдобро решение во критериумот „Лесна преминливост" од страна на ифт Розенхајм
Материјали за највисоки барања
Енергетски ефикасни, со заштита од насилно отварање и звучна изолација: Нашите прозорци и врати за новоградба и за објекти кои се реновираат.
Без оглед дали станува збор за ПВЦ или зајакнат со стаклени влакна RAU-FIPRO X, кај нас постои соодветно решение за секое барање: за новоградби, реновирање на објекти, за едносемејни или двосемејни куќи, за деловни згради. Прозорците се одликуваат со: најдобра вредност на топлинската изолација со Uf-врвни вредности под 0,8 W/m²K, заштита од насилно отварање до класа на отпор RC3, како и висока класа на звучна изолација.
Нова дефиниција на прозорците – со RAU-FIPRO X
Максимални големини на прозорците и најдобра енергетска ефикасност, а истовремено речиси неограничена креативна слобода.
Со RAU-FIPRO во 2008 година, принципот на композитни материјали засилени со влакна – досега познат првенствено од тркачките спортови и авионската индустрија – за прв пат се користи кај прозорците и ги комбинира најдобрите својства на двата света: ПВЦ и стаклени влакна. Со својот удел на стаклени влакна, зголемен за 50 %, RAU-FIPRO X е материјал со високи перформанси, со бескрајни можности и ги проширува познатите предности на RAU-FIPRO X за X-факторот:
X-ТРА големи елементи
Елементи со висина до 2,80 m – целосно без дополнителни покривни прозорци.
X-ТРА висока енергетска ефикасност
Uw-вредности до 0,60 W/m2K благодарение на избегнување на челичното армирање.
X-ТРА можности
Интеграција стакла за звучна изолација и безбедност, благодарение на тежините на крилото до 150 kg.
Активно доживување на одржливоста
Енергетска ефикасност и заштеда на ресурсите кај REHAU
Одржливоста, пак, цврсто се етаблира во нашето општество и со тоа ја менува архитектурата и конструкцијата. Како компанија, која произведува ширум светот, REHAU има посебна одговорност за луѓето и за животната средина. Затоа, ние постојано го оптимизираме користењето на нашите ресурси и енергетската ефикасност во нашите фабрики, како и самите производи. Прозорските профили на REHAU со ознаката за ECO PULS, се залагаат за позитивен еколошки отпечаток.
Преглед: Сите предности со еден поглед
Прозорци од RAU-FIPRO и ПВЦ
| Производ | Длабочина на вградување | Материјал | Топлинска изолација Uf-вредност | Заштита од провала Класа на отпор | Вредност на звучна изолација Rw,P | |
|---|---|---|---|---|
| ARTEVO 86 mm | RAU-FIPRO | до 0,79 W/m²K | до RC3 | до 48 dB | кон производот |
| GENEO INOVENT 86 mm | RAU-FIPRO | до 1,1 W/m²K | до RC2 | до 42 dB | кон производот |
| Nordic-Design plus 120 mm | RAU-FIPRO | до 1,0 W/m²K | - | до 40 dB | кон производот |
| Brillant-Design 70 mm | ПВЦ | до 1,3 W/m²K | до RC3 | до 45 dB | кон производот |
| Euro-Design 70 mm | ПВЦ | до 1,3 W/m²K | до RC2 | до 45 dB | кон производот |
Влезни врати од RAU-FIPRO и ПВЦ
| Производ | Длабочина на вградување | Материјал | Топлинска изолација Uf-вредност | Заштита од провала Класа на отпор | Вредност на звучна изолација Rw,P | |
|---|---|---|---|---|
| GENEO 86 mm | RAU-FIPRO | до 0,78 W/m²K | до RC2 | зависно од полнењето | кон производот |
| SYNEGO 80 mm | ПВЦ | до 1,2 W/m²K | до RC2 | зависно од полнењето | кон производот |
| Brillant-Design 70 mm | ПВЦ | до 1,6 W/m²K | до RC3 | зависно од полнењето | кон производот |
Подигачко-лизгачки врати од RAU-FIPRO и ПВЦ
| Производ | Длабочина на вградување | Материјал | Топлинска изолација Uf-вредност | Заштита од провала Класа на отпор | Вредност на звучна изолација Rw,P | |
|---|---|---|---|---|
| GENEO 203 mm / 86 mm | RAU-FIPRO | до 1,3 W/m²K | до RC2 | до 43 dB | кон производот |
| SYNEGO 190 mm / 80 mm | ПВЦ | до 1,3 W/m²K | до RC2 | до 43 dB | кон производот |
Контакт
Имате прашања? Со задоволство ќе Ве советуваме за нашите иновативни системи на прозорци и врати.