Прозорци и врати од RAU-FIPRO
RAU-FIPRO: Висококвалитетен материјал за максимална стабилност без челично армирање.
RAU-FIPRO, е материјал, зајакнат со стаклени влакна и е развиен од REHAU. Материјалите од овој тип, веќе се докажани во најекстремни услови во Формула 1 и во конструкцијата на авиони. Ние ја користиме оваа технологија за нашиот ARTEVO систем на профили за прозорци. Патентираното јадро на профилот изработено од RAU-FIPRO дава максимална стабилност. Плус: 90% од сите прозорски елементи, може да се изведат без челично армирање и со тоа да се постигне највисоко ниво на топлинска изолација.
Нашиот високо-технолошки материјал може целосно да се рециклира. Конструкцијата на профилите ARTEVO со јадро, зајакнато со стаклени влакна и надворешен завршен слој од ПВЦ, се идеални за повторно враќање на рециклиран материјал зајакнат со стаклени влакна во јадрото на нови профили.
Гарантираме дека старите прозорци изработени од RAU-FIPRO, ќе ги вратиме во нашата програма за рециклирање ЕкоПлус за повторна преработка и создавање на нова вредност.
ARTEVO прозорци
Со гордост го претставуваме: ARTEVO Симбиозата од проверениот високо-технолошки материјал RAU-FIPRO X и извонредната технолошка експертиза на REHAU овозможува целосно искористување на потенцијалот на материјалот.
Резултатот: врвни перформанси од сите аспекти, со истовремено најефикасна употреба на материјалот – систем кој е супериорен во секоја смисла.
Или, како што ние го нарекуваме: ARTEVO.
Ваши предности
- Максимални димензии на прозорци со чисти линии
- Импресивна разновидност на бои и површини
- Врвна топлинска изолација
- Дополнителна удобност и безбедност
- Уникатен систем на кружна економија
- Паметни функции и практични додатоци
Технички податоци
| Видливост Рам/крило: | 106 mm до 173 mm (Швајцарија: 106 mm до 184 mm) |
|---|---|
| Длабочина на вградување: | 80 mm |
| Топлинска изолација Uf (EN 12412-2 / EN 10077-2): | ARTEVO до 0,97 W/m²K ARTEVO max до 0,79 W/m²K |
| Звучна изолација Rw (EN ISO 717-1): | до 48 dB |
| Отпорност на насилно отварање (EN 1627): | до класа RC 3* |
| Отпор на силен ветар (EN 12210): | до класа B5 |
| Отпор на силен дожд (EN 12208): | до класа 9A |
| Пропустливост на воздух (EN 12207): | до класа 4 |
| Максимална дебелина на стакло: | 56 mm односно 72 mm кај рамно крило |
GENEO Влезни врати
Врвен систем со 86 mm длабочина на вградување и Ud-вредност до 0,54 W/m²K
Нашиот врвен систем GENEO во 90 % од сите случаи може да се реализира без челично армирање а со тоа и без топлински мостови. GENEO Влезната врата, комбинирана со термомодули и исполна за влезна врата со дебелина до 53 mm – достигнува Ud-вредност до 0,51 W/m²K.
Предности:
- Најдобра топлинска изолација и извонреден дизајн: Ud:0,54 W/m²K
- Висока стабилност благодарение на висококвалитетниот материјал RAUFIPRO
- Индивидуална звучна изолација: зависна од исполната
- Совршена оптика со скриен механизам
- Ја има во сите бои
- Еколошка, со можност за рециклирање
Технички податоци
| Општо | |
|---|---|
| Видливост на рам/крило: | 169 mm |
| Видливост на праг/крило: | 127 mm (висина на праг 20 mm) |
| Длабочина на вградување: | 86 mm |
| Број на комори: | 6 |
| Дебелина на стакло: | макс. 53 mm |
| Систем за дихтување: | 2 преклопни дихтунзи, 1 средишен дихтунг |
| Дизајн на профил: | крило со израмнувачка површина |
| Карактеристики | |
|---|---|
| Топлинска изолација Ud: | 0,54 W/m²K |
| Звучна изолација: | зависно од исполната |
| Отпорност на провала (EN 1627): | RC3 |
| Отпорност на невреме (EN 12210): | B2 |
| Отпорност на пороен дожд (EN 12208): | 4A |
| Пропустливост на воздух (EN 12207): | 3 |
GENEO Подигачко-лизгачки врати
Врвен систем со 86 mm длабочина на вградување Uf-вредност до 1,3 W/m²K
Подигачко-лизгачката врата GENEO може да има должина до 10 m, висина до 2,70 m и тежина од само 400 kg, за изглед на голема стаклена површина. За широки погледи кон природата и зимските градини. Со своите вредности за топлинска изолација, GENEO покажува карактеристики на стандардите за пасивни куќи.
Предности:
- Лесна употреба со соодветна техника
- Сигурна инвестиција со исполнување на европските стандарди за заштеда на енергија
- Благодарение на лесниот материјал и големите димензии се монтираат лесно
- Ги има во сите бои
Технички податоци
| Општо | |
|---|---|
| Видливост на рам/крило: | 169 mm |
| Длабочина на вградување рам/крило: | 203 mm / 86 mm |
| Број на комори: | 5 |
| Дебелина на стакло: | макс. 53 mm |
| Големина на лизгачко крило: | макс. 300 cm x 270 cm (ширина x висина) |
| Дизајн на профил: | крило со израмнувачка површина |
| Карактеристики | |
|---|---|
| Топлинска изолација Uf: | 1,30 W/m²K |
| Звучна изолација: | Rw до 43 dB |
| Отпорност на провала (EN 1627): | до RC2 |
| Отпорност на невреме (EN 12210): | B3 |
| Отпорност на пороен дожд (EN 12208): | 9A |
| Пропустливост на воздух (EN 12207): | 4 |