Прозорци и врати од ПВЦ
Материјалот ПВЦ: издржлив, отпорен на временски услови и лесен за одржување.
Извонредна можност за обликување, апсолутна слобода на дизајнот и оптимален сооднос помеѓу цената и перформансите – сето ова зборува за прозорците и вратите од висококвалитетен ПВЦ. Нашите профили дополнително се оплеменети со посебна високосјајна површина ХДФ (high definition finishinig).
Оваа екстра мазна површина речиси е целосно отпорна на нечистотија. Исто така, одржувањето на прозорците и вратите е брзо и лесно: Еднаш годишно се подмачкува оковот со капка масло од домаќинството, а дихтунзите со силикон.
Прозорци SYNEGO
ПВЦ-систем на профили со длабочина на вградување од 80 mm и Uf-вредност до 0,94 W / m²K
Прозорците SYNEGO се најдобриот избор за клиенти, кои дават значење на енергетската ефикасност. Покрај Uf-вредноста од до 0,94 W/m²K, системот се докажува со својата економичност и многубројните варијанти за дизајн.
Предности:
- Повеќе место во магацинот, бидејќи SYNEGO системот ќе можете да го опремите со две варијанти на дихтување.
- Широка палета на профили
- Достапен во сите бои, како и новата облога со стаклен ламинат KALEIDO VISION од внатрешна страна
- Еколошки, целосно се рециклира
Технички податоци
| Општо | |
|---|---|
| Видливост на рам/крило | 94 mm до 175 mm |
| Видливост на средна пречка | 114 mm до 218 mm |
| Длабочина на вградување | 80 mm |
| Број на комори | 7/6 |
| Дебелина на стакло | макс. 51 mm |
| Систем за дихтување | АД: 2 преклопни дихтунзи МД: 2 преклопни дихтунзи, 1 среден дихтунг |
| Дизајн на профилот | крило со израмнувачка површина, заоблено крило со делумно израмнувачка површина |
| Карактеристики | |
|---|---|
| Топлинска изолација Uf | до 0,94 W/m²K |
| Звучна изолација | Rw до 47 dB |
| Заштита од провала (EN 1627) | до RC3 |
| Отпорност на ветер (EN 12210) | B5 |
| Пропустливост на пороен дожд (EN 12208) | 9A |
| Пропустливост на воздух (EN 12207) | 4 |
| Оперативни сили (EN 13115) | 2 |
SYNEGO Влезни врати
Систем на профили со длабочина на вградување од 80 mm и Ud-вредност до 0,82 W / m²K
Дизајнирани за оков со класа на заштита RC3, влезните врати SYNEGO нудат одлична заштита од провали. Со нивната топлинска изолација, висока звучна изолација, долговечност и широка палета на бои, овие влезни врати ги исполнуваат барањата и на инвеститорите со високи побарувања.
Предности:
- Извонредно дихтување и изолација
- Голема стабилност и долготрајност благодарение на челичното армирање
- Слободен избор на исполни за врата
- Без бариери
- Висока безбедност од провали
- Достапни во сите варијанти на бои од KALEIDO COLOR, освен KALEIDO VISION
Технички податоци
| Општо | |
|---|---|
| Видливост на рам/крило | 174 mm |
| Видливост на праг/крило | 136 mm (висина на прагот 20 mm) |
| Длабочина на вградување | 80 mm |
| Број на комори | 7/5 |
| Дебелина на стакло | max. 51 mm |
| Систем за дихтување | АД: 2 дихтунзи за компресија МД: 2 преклопни дихтунзи, 1 среден дихтунг |
| Дизајн на профилот | крило со израмнувачка површина |
| Карактеристики | |
|---|---|
| Топлинска изолација Uf | 1,2 W/m²K |
| Звучна изолација | Rw до 45 dB |
| Заштита од провала (EN 1627) | до RC2 |
| Отпорност на ветер (EN 12210) | B2 |
| Пропустливост на пороен дожд (EN 12208) | 4A |
| Пропустливост на воздух (EN 12207) | 4 |
Подигачко-лизгачки врати SYNEGO
ПВЦ-систем на профили со длабочина на вградување од 80 mm и Uf-вредност до 1,3 W / m²K
Како прозорците и влезните врати SYNEGO, така и подигачко-лизгачките врати имаат извонредна заштита од провали.
Предности:
- Голема удобност при користење, благодарение на висококвалитетните дихтунзи
- Панорамска варијанта со ширина на премин од 5 m
- Можна ширина на елементите од 10 m и висина на елементите до 2,70 m
- Достапни во сите варијанти на бои од KALEIDO COLOR освен KALEIDO VISION
Технички податоци
| Општо | |
|---|---|
| Видливост рам/крило | 103 mm |
| Длабочина на вградување рам/крило | 190 mm / 80 mm |
| Број на комори | 5 |
| Дебелина на стакло | макс. 51 mm |
| Големина на лизгачко крило | макс. 300 cm x 260 cm (Ш x В) |
| Дизајн на профилот | крило со израмнувачка површина |
| Карактеристики | |
|---|---|
| Топлинска изолација Uf | 0,54 W/m²K |
| Звучна изолација | Rw до 43 dB |
| Заштита од провала (EN 1627) | RC2 |
| Отпорност на ветер (EN 12210) | B3 |
| Пропустливост на пороен дожд (EN 12208) | 9A |
| Пропустливост на воздух (EN 12207) | 4 |
Прозорци SYNEGO NL
ПВЦ-систем со традиционален изглед на дрво, со длабочина на вградување од 120 mm
Прозорците SYNEGO во ништо не заостануваат зад дрвените прозорци – дури и ги надминуваат во однос на издржливоста.
Предности:
- Широка палета на профили
- Заштита од провала до RC3
- Заштита од провев и влага, благодарение на специјалниот систем за дихтување што истовремено се грижи за оптимизиран притисок на затворање.
- Достапни во сите варијанти на бои од KALEIDO COLOR освен KALEIDO VISION
Технички податоци
| Општо | |
|---|---|
| Видливост рам/крило | 119 mm до влезна врата 166 mm |
| Видливост на средна пречка | 164 mm |
| Длабочина на вградување | 120 mm |
| Број на комори | 5/6 |
| Дебелина на стакло | 51 mm |
| Систем за дихтување | 1 преклопен дихтунг |
| Карактеристики | |
|---|---|
| Топлинска изолација Uf | до 1,0 W/m²K |
| Звучна изолација | Rw до 46 dB |
| Заштита од провала (EN 1627) | до RC3 |
| Отпорност на ветер (EN 12210) | до C5/B5 |
| Пропустливост на пороен дожд (EN 12208) | до 9A |
| Пропустливост на воздух (EN 12207) | до 4 |
| Оперативни сили (EN 13115) | 1 |
Прозорци EURO 70
Прозорски систем со длабочина на вградување од 70 mm
Нашиот прозорски систем Euro Design 70 нуди широк избор на можности за дизајн. Благодарение на неговата длабочина од 70 mm, тој е совршено погоден за стари градби.
Предности:
- Повеќе простор во магацин, благодарение на истите челични армирања на рамот и крилото.
- Достапни во сите варијанти на бои од KALEIDO COLOR освен KALEIDO VISION
Технички податоци
| Длабочина | 70 mm |
|---|---|
| Топлинска изолација Uf | до 1,3 W/m²K |
| Звучна изолација | Rw до 45 dB |
| Заштита од провала (EN 1627) | RC2 |
Обединува дизајн и функција:
Нашиот поден праг без препреки RAUCERO – со висина на прагот од 0 mm
Предности:
- Лесно чистење
- Оптичка атрактивност
- Совршено прилагоден на REHAU системите на куќни и балконски врати
- Оценет како најдобро решение во критериумот „лесна преминливост" од страна на ифт Розенхајм