REHAU – прозорци, врати и сè што припаѓа тука
Ново откривање на прозорците. За современиот живот.
REHAU си постави задача да развие прозорци и врати, кои се модерни како и нашиот живот. Тие ни го покажуваат светот, но и се грижат за свежиот воздух додека се затворени, а можат и да ги одвратат натрапниците пред нешто да се случи.
Изложбен салон на REHAU Скопје
Добредојдовте на виртуелната тура на REHAU производите – иновативен начин да ги откриете најквалитетните REHAU решенија, а пред сè прозорските системи достапни на пазарот во Македонија.
Откријте ги прозорците и вратите, кои се исто толку модерни како и Вашиот живот.
Висока технологија. За најголема удобност. За животот денес и утре. Тоа е REHAU. Сеедно за што ќе се одлучите: прозорци, балконски врати, врати за тераси и лизгачки врати, влезни врати, решенија за паметен дом или паметни додатоци.
Со REHAU е лесно: Овде, во само 6 чекори, ќе ја добиете личната понуда за Вашите прозорци. Индивидуално. Некомплицирано. Брзо.
Вашите достигнувања
Прозорци REHAU
Вие одлучувате што Ви е важно. Бидејќи Вашиот живот е во фокусот. Прозорските системи од REHAU прават нештата да бидат покомфорни, потивки, посветли или поудобни. Токму како што посакувате Вие.
Портфолио на производи за Вашите прозорци
ARTEVO
Револиционерен нов премиум систем на прозорски профили, кој поставува нови стандарди на полето на дизајн, големини, продуктивност и одржливост.
SYNEGO
Со SYNEGO, значително ќе ги намалите трошоците за греење и ќе доживеете ново чувство за домот, од кое никогаш повеќе нема да сакате да се откажете.
BRILLANT-/EURO-DESIGN
Прозорски системи од REHAU со длабочина на вградување од 70 mm, кои обезбедуваат светлина, топлина, безбедност и уште многу други предности.
SYNEGO Slide
Лизгачките прозорци SYNEGO Slide овозможуваат флексибилност со што заштедуваат простор при дизајнирање на домот.
Лизгачки врати REHAU
Дизајнирајте го својот дом отворен, модерен и со многу светлина. Tоа е можно со лизгачките врати од REHAU. Внесете ја природата во својот дом и уживајте во чувството на слобода преку уникатната врска помеѓу внатрешноста и надворешноста.
Портфолио на производи за влезни врати
Подигачко-лизгачки врати GENEO
Внатрешноста и надворешноста стануваат едно: Особено големата стабилност на профилот овозможува големини на елемент со ширина до 10 m и висина до 2,80 m.
Подигачко-лизгачки врати SYNEGO
Во Панорама-варијата, SYNEGO сјае благодарение на малата рамка, со можност за најголем продор на светлина и уште подобар поглед.
Лизгачки врати SYNEGO Slide
Вратите на елегантниот систем се отвораат и затвораат со малку напoр и со едноставни потези на рацете.
Преклопувачко-лизгачки врати Panorama Swing-Design
Лизгачкиот систем на преклоп (хармоника) овозможува совршено отворање на просторот. Невидливите окови обезбедуваат чисти линии и едноставен дизајн.
Влезни врати REHAU
Влезната врата е повеќе од само влезна област – таа е порта кон Вашата зона на благосостојба. Токму од таа причина, дизајнот, удобноста, безбедноста и топлинската изолација играат толку одлучувачка улога. Дајте му на својот дом индивидуален акцент.
Портфолио на производи за влезни врати
Влезни врати SYNEGO
Најдобри вредности за градежниците, кои имаат свои барања: Влезните врати SYNEGO уверуваат со своите вредности во однос на топлинска изолација, звучна изолација, издржливост и дизајн.
Влезни врати BRILLANT-DESIGN
За дополнителна стабилност и долготрајност: Влезните врати Brillant-Design сјаат со заварен спој во аглите, затворено челично засилување во крилото и арматури со голем волумен.
Дизајни на прозорци REHAU
Програмата на бои KALEIDO COLOR нуди повеќе од 400 можности за дизајн на Вашите прозорци: од мамливиот изглед на вистинско дрво, преку ексклузивни алуминиумски површини па се до класични, безвременски бели тонови за стилско реновирање. Секогаш во комбинација со предностите кои ги имаат прозорците од вештачки материјали.
Висококвалитетни дизајнерски решенија за Вашите прозорци и врати
Програмата KALEIDO COLOR се залага за огромен избор на варијанти на бои и дизајни. Зависно од саканиот изглед и структурата на површината, се применуваат различни постапки, како лакирање или ламинирање на фолијата. Со алуминиумскиот капак, прозорците добиваат оптика на висококвалитетен алуминиум. Резултатот е - повеќе од 400 можности за дизајн. Се разбира, притоа може да се комбинираат различни дизајни за внатре и надвор.
KALEIDO FOIL
Докажана стандардна постапка со двослојна PVC-фолија: основната фолија ја обезбедува саканата боја, транспарентниот горен слој штити од избледување и други влијанија од околината.
KALEIDO WOODEC
Мамливо вистински: уверлив изглед и чувство на вистинско дрво со мат завршна обработка и особено длабоко обликување. На овој начин, едвај може да се разликуваат прозорците од вештачки материјали од прозорците од дрво.
KALEIDO PAINT
Неограничени можности: благороден лак со сјајна или мат завршна обработка во речиси сите RAL-бои. Посебна карактеристика: Текстурирани бои за специјални ефекти.
KALEIDO COVER
Совршениот изглед на алуминиум: Соодветните алуминиумски капаци го комбинираат благородниот изглед со техничките предности на прозорците од вештачки материјали на REHAU.
Додатоци од REHAU за прозорци и врати
Исполнете го Вашиот дом од соништата со дизајн по вкус и пакети со индивидуална опрема. Решенијата, кои се прилагодени според Вашите желби се уникатни како што сте Вие и Вашиот стил.
Вашите додатоци за прозорци и врати
SKYFORCE
SKYFORCE е заштитна оградa од пад, за највисоките дизајнерски барања: Сите видливи делови може да се усогласат со Вашата индивидуална боја на прозорецот.
Одржливост на REHAU
Прозорци од генерации за генерации: REHAU верува во доследна одржливост. Уникатниот модел на кружна економија, обезбедува постојано зголемување на процентот на рециклиран материјал во прозорските системи од REHAU. Тоа заштедува енергија, ги штити ресурсите и ја штити нашата планета.
Ветување на нашата генерација – Ваша гаранција за одржливо делување
Кај нас не постојат празни ветувања. Кружната економија и посветеноста на одржливост, активно се практикуваат во REHAU. За да покажеме јасно каква централна вредност има темата одржливост во REHAU, ја воведовме ознаката EcoPuls. Со неa може веднаш да видите дека Вашиот прозорец oд REHAU е произведен особено одржливо со употреба на рециклати.
Понуда за Вашите прозорци - брзо и бесплатно
Едноставно. Лично. REHAU. Добијте ја овде, во само 6 чекори, индивидуалната понуда за Вашите прозорци. Контактирајте со нас сега!