Подигачко-лизгачки врати SYNEGO
Внатрешноста и надворешноста стануваат едно.
Подигачко-лизгачки врати SYNEGO: REHAU ја донесе природата во Вашата дневна соба. За дом преплавен со светлина, со панорамски ефект.
Зголемете го својот простор за живеење.
Флуидните премини помеѓу внатрешноста и надворешноста постигнуваат уникатна удобност во живеењето. Донесете си ги терасата и градината во домот со подигачко-лизгачките врати SYNEGO.
Едноставно огромни
Со максимална ширина на елементите од 10 m и висина до 2,70 m, имате многубројни опции за дизајн за Вашиот дом. Со подигачко-лизгачките врати од SYNEGO може да се реализираат ширини на премините до 5 m – па внатрешноста и надворешноста стануваат едно.
Атрактивни архитектонски можности
Дизајнирајте го својот дом отворен, модерен и со многу светлина! Сè тоа е можно со подигачко-лизгачките врати SYNEGO. Внесете ја природата во својот дом и уживајте во чувството на слобода преку уникатната врска кон надворешноста.
Најдобри изгледи за пријатно користење
Уверлива проодност, различни можности за отворање и едноставно чистење – уживајте во удобноста на подигачко-лизгачките врати SYNEGO.
Лесно отворање и затворање
Во комбинација со различни својства на опремата може да го конфигурирате својот личен омилен модел. Специјалните решенија за вклопување овозможуваат лесно отворање и затворање, додека опционалните електрични мотори обезбедуваат дополнителна удобност. Во комбинација со специјален механизам за придушување при затворање, подигачко-лизгачката врата се лизга нежно во затворена положба и сигурно се затвора – за најголема безбедност. Притоа, специјалните решенија за прагот обезбедуваат пристап речиси без бариери.
Апсолутно лесно ракување
Подигачко-лизгачките врати SYNEGO не изгледаат само сјајно, туку и после долги години Ви нудат целосна функционалност. Специјалното куќиште за контактна шина гарантира прецизна монтажа, а со тоа и безбедна функционалност на компонентите за вклопување. Специјалниот систем за дихтување заштитува од провев и влажност и истовремено овозможува оптимизиран затворен притисок. Така, лизгачките врати ќе се отвораат и затвораат, значително полесно.
Уште повеќе светло благодарение на панорама-варијантата
Подигачко-лизгачките врати SYNEGO нудат извонредна стабилност при мала тежина, едноставно се ракува со нив и лесно се лизгаат. Панорама-варијацијата сјае благодарение на до 65 % помалата рамка со најголем продор на светлина и уште подобар поглед.
Премин без бариери
Со специјалните решенија за праг, кај подигачко-лизгачките врати SYNEGO е можен премин речиси без бариери. Ова не само што ја зголемува удобноста на живеењето, туку исто така обезбедува и едноставен и модерен изглед.
Шема на отворање
Подигачко-лизгачките врати SYNEGO се залагаат за максимална удобност – целосно според Вашите потреби. На тој начин може оптимално да го искористите својот простор.
За сјај и удобна нега
Завршниот слој со висока прецизност (ХДФ) овозможува Вашите прозорци и врати секој ден да сјаат како нови. Високо комплексната формула обезбедува совршена површина што останува чиста и се чисти лесно.
Повеќе топлина и енергетска ефикасност
Подигачко-лизгачките врати SYNEGO претставуваат вистинска програма за заштеда, благодарение на извонредните својства на топлинска изолација. Уживајте во пријатната топлина и притоа намалете ја потрошувачката на енергија.
Извонредни својства на топлинска изолација
Старите врати прозорци се најголемата енергетска слабост на куќата. Тие не се доволно изолирани и претежно технички застарени. Последица: Се губи скапо платената енергија за греење.
Вредноста на топлинска изолација Uf достигнува до 1,3 W / (m²K). На тој начин, загубата на енергија кон надвор се минимизира, а топлината останува во просториите. Големите стаклени површини дополнително го помагаат влезот на сончевата светлина.
Повеќе мир и поздрав сон
Без оглед дали станува збор за досадна сообраќајна бучава или косилката за трева на соседот што вознемирува: Со подигачко-лизгачките врати SYNEGO, едноставно исклучете ја бучавата и направете го својот дом вистинска оаза на мирот.
Подигачко-лизгачките врати SYNEGO ја исклучуваат бучавата.
Истражувањата докажуваат дека постојаното вознемирување со бучавата од сообраќајот доведува до значително зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања. Дури и кога бучавата не се перципира свесно. Едноставно, оставете ја надвор бучавата што го предизвикува стресот.
Подигачко-лизгачките врати SYNEGO се грижат за мирот и релаксацијата во домот.
Тие ја намалуваат бучавата за до 43 децибели – тоа е еднакво на 20-кратно намалување на бучавата и значително го подобрува квалитетот на живеењето. Чувствувајте се пријатно – независно од тоа колку е гласно Вашето опкружување.
Уживајте во безбедноста.
Подигачко-лизгачките врати SYNEGO им го отежнуваат животот на провалниците. Затоа Вие може да се чувствувате безбедни.
Безбедност до класа на отпорност RC 2
Прозорците и вратите со класа на отпорност RC 1 покажуваат помала заштита од насилно влегување и поради тоа може да се пробијат за релативно кратко време. Кај повисоките класи на отпор потребно е значително повеќе време, а пред сѐ се потребни и тешки алатки. Подигачко-лизгачките врати SYNEGO без проблем ја достигнуваат класата на отпорност RC 2.
Голем избор на дизајни за домот, онакви какви што ги сакате
Исполнете си ги своите желби за дизајн со нашата програма на бои KALEIDO COLOR.
Разнобојност што останува
Омилените бои ги има во широка палета од повеќе од 400 дизајни. Бојата можете посебно да ја избирате за внатрешната и надворешната страна на декорот – на пример, надвор антрацит, внатре класична бела боја.
Без оглед каков ќе биде Вашиот избор: Можете да сметате дека Вашите врати и прозорци после многу години ќе изгледаат исто како после првиот ден. Бидејќи, нашите лакови и декори се отпорни на бои и временски услови.
KALEIDO FOIL
Докажана стандардна постапка со двослојна ПВЦ-фолија: основната фолија ја обезбедува саканата боја, транспарентниот горен слој штити од избледување и други влијанија од околината.
KALEIDO WOODEC
Мамливо вистински: уверлив изглед и чувство на вистинско дрво со мат завршна обработка и особено длабоко обликување. На овој начин, едвај може да се разликуваат прозорците од пластика од прозорците од дрво.
KALEIDO PAINT
Неограничени можности: благороден лак со сјајна или мат завршна обработка во речиси сите RAL-бои. Посебна карактеристика: Текстурирани бои за специјални ефекти.
KALEIDO COVER
Совршениот изглед на алуминиум: Соодветните алуминиумски фасадни ѕидови го комбинираат благородниот изглед со техничките предности на прозорците од пластика на REHAU.
Уникатен изглед
Основните тела во боја се грижат за постојано високиот квалитет на изгледот. Профилите се целосно обоени, со што се постигнува исклучително хармоничен целосен изглед, особено кога елементите на вратите и прозорците се отворени.
Активна одржливост
Како активна компанија ширум светот, REHAU има посебна одговорност кон луѓето и животната средина. На овој начин, ние постојано ја оптимизираме нашата употреба на ресурси, како и енергетска ефикасност во нашите фабрики и производи. Прозорските профили на REHAU со ознаката за производ EcoPuls веќе денес содржат содржина на рециклат од 40 % до 75 % и се залагаат за позитивен еколошки отпечаток.
Ветување на нашата генерација – Ваша гаранција за одржливо дејствување
Кај нас не постојат празни ветувања. Кружната економија и посветеноста на одржливоста активно се практикуваат во REHAU. За да покажеме јасно каква централна вредност поседува темата за одржливост во REHAU, ја воведовме ознаката EcoPuls. Со него може веднаш да видите дека Вашиот прозорец REHAU е произведен особено одржливо преку употреба на рециклати.
Семејството на системот SYNEGO
Совршено координирано портфолио што не остава отворени желби.
Подигачко-лизгачки врати SYNEGO
SYNEGO прозорци и балконски врати
Лизгачки врати SYNEGO Slide
Влезни врати SYNEGO
Понуда за Вашите прозорци - брзо и бесплатно
Едноставно. Индивидуално. REHAU. Добијте ја овде, во само 6 чекори, индивидуалната понуда за Вашите прозорци. Контактирајте со нас сега!