BRILLANT- и EURO DESIGN прозорци и врати
Прозорци и врати за секој дом
BRILLANT- и EURO-DESIGN: Системи за прозорци кои обезбедуваат светлина, топлина, безбедност и уште многу други предности. Одржлив квалитет за сите барања.
Ново откривање на прозорците. За современиот живот.
Cо длабочина на вградување од 70 mm, REHAU ги ima системите BRILLANT- и EURO-DESIGN. Својствата и предностите се речиси исти, исто така и изгледот. На едноставен начин дознајте кој систем го има фирмата партнер на REHAU во Ваша близина: Со само неколку чекори, преку пребарувачот на партнери на REHAU во Вашиот регион, ќе добиете специјализирана понуда за Вашите прозорци од фирма партнер на REHAU.
Прекрасни погледи – прекрасен дизајн
Благодарение на посебно тесниот дизајн на профилот на прозорецот, срцата на љубителите на дизајнот чукаат побрзо. Со ова, уште повеќе светлина и сонце влегуваат во внатрешноста, што позитивно влијае на чувството на благосостојба. На овој начин, Вашиот дом станува место исполнето со радост.
REHAU си постави задача да развие прозорци, кои се модерни како и животот. Прозорци, кои ќе ги имаат предностите на модерната технологија – и разновидни можности за дизајн. Прозорци, кои уверуваат со својот квалитет и се одржливи.
До 15 % повеќе светлина отколку кај обичните прозорци
Топлинска изолација за пријатна клима
Благодарение на длабочината на вградување од 70 mm и две нивоа на дихтување, Вашиот дом останува прекрасно топол. Дури и кога надвор има невреме и снег, сметката за греење не е загрижувачка.
Мала загуба на енергија
Со Uw-вредност до 0,76 W/(m²K) за стандардни прозорци (123 x 148 cm) и 0,68 W/(m²K) за максимални големини на крилата (130 x 245 cm), BRILLANT- и EURO-DESIGN обезбедуваат голема удобност за живеењето, благодарение на оптимизираната топлинска изолација. А помала загуба на енергија истовремено значи и повеќе заштеда.
Идеално за реставрации
Едно од енергетски најслабите места во старите згради се прозорците. Нашиот прозорските систем BRILLANT- и EURO-DESIGN претставува совршено решение за реставрации, бидејќи, благодарение на длабочината на вградување од 70 mm и оптимизираните дихтунзи, го држи настрана студот, провевот и влагата однадвор. На овој начин, топлинската енергија останува во сопствените четири ѕида и не се губи.
Едноставно поголема отпорност - До класа на отпорност RC 3
Чувствувајте се безбедни и сигурни. Со стабилната основа на прозорскиот систем BRILLANT- и EURO-DESIGN, заштитени сте постојано.
Плус за безбедноста
Зависно од потребата, прозорските системи BRILLANT- и EURO-DESIGN се достапни во различни класи на отпорност за заштита од насилно отварање. Специјалните делови за заклучување и другите безбедносни компоненти, гарантираат дека може да се постават класи на отпорност на насилно отварање, индивидуално за секој поединечен прозорец. Така ќе се чувствувате безбедни и ќе имате добро чувство додека не сте дома.
Прозорците со класа на отпорност RC 1 покажуваат помала заштита од насилно отварање и поради тоа може да се пробијат за релативно кратко време. Кај повисоките класи на отпор потребно е значително повеќе време, а пред сѐ се потребни и тешки алати.
Создадете си мир - До 45 dB помалку бучава
Релаксирајте се секогаш кога сакате. Со прозорските системи BRILLANT- и EURO-DESIGN, едноставно оставете ги надвор досадните звуци, кои навистина пречат.
Звучна изолација кон внатре и кон надвор
Засилете ја јачината на звукот во своите четири ѕида. Или исклучете ја. Без оглед дали е гласно надвор или внатре – останувате комплетно опуштени. Бидејќи, извонредната изолација ја спречува бучавата и обезбедува во Вашата околина да не се забележи ништо, ако е кај Вас малку погласно. Прозорците од BRILLANT- и EURO DESIGN ја намалуваат бучавата до 45 децибели. Тоа е еднакво на 22,6-кратно намалување на бучавата.
Целокупна удобност
Оптимизираните дихтунзи обезбедуваат совршен притисок на затворање кога прозорците се отвораат и затвораат.
REHAU Дизајни
Повеќе од 400 можности за дизајн за Вашите прозорци: од мамливиот изглед на вистинско дрво до ексклузивни алуминиумски површини до класични, безвременски бели тонови за стилска санација. Секогаш во комбинација со предностите на прозорецот од вештачки материјал.
Бои и форми според Ваш вкус
Програмата KALEIDO COLOR содржи огромен избор од варијанти на бои и дизајни. Зависно од саканиот изглед и структурата на површината, се применуваат различни постапки, како лакирање или ламинирање на фолијата. Со алуминиумскиот капак, прозорците добиваат висококвалитетната алуминиумска оптика. Резултатот е - повеќе од 400 можности за дизајн. Се разбира, притоа може да комбинирате различни изгледи внатре и надвор.
KALEIDO FOIL
Докажана стандардна постапка со двослојна ПВЦ-фолија: основната фолија ја обезбедува саканата боја, транспарентниот горен слој штити од избледување и други влијанија од околината.
KALEIDO WOODEC
Мамливо вистински: уверлив изглед и чувство на вистинско дрво со мат завршна обработка и особено длабоко обликување. На овој начин, едвај може да се разликуваат прозорците од пластика од прозорците од дрво.
KALEIDO PAINT
Неограничени можности: благороден лак со сјајна или мат завршна обработка во речиси сите RAL-бои. Посебна карактеристика: Текстурирани бои за специјални ефекти.
KALEIDO COVER
Совршениот изглед на алуминиум: Соодветните алуминиумски фасадни ѕидови го комбинираат благородниот изглед со техничките предности на прозорците од пластика на REHAU.
Сјај и удобна нега - ХДФ-површина што е лесна за негување
Формулата за High-Definition-Finishing (ХДФ) обезбедува чиста и сјајна површина и неспоредлив сјај. Прозорите не само што остануваат подолго чисти, туку и многу полесно се одржуваат и чистат.
Површина која е отпорна на нечистотија
При погруби структури, кај вообичаените површини полесно се собираат нечистотии во вдлабнатините, кои потоа тешко се отстрануваат.
Технологијата High Definition Finishing (ХДФ) (завршен слој со висока прецизност) овозможува значително помазни површини, на кои тешко се собира нечистотија.
Семејства на системите BRILLANT- и EURO-DESIGN
Одржлив систем на квалитет за секое барање. Ново откривање на прозорците. За современиот живот.
Семејства на системите
BRILLANT-DESIGN прозорци, балконски врати и врати за тераси
Технички податоци
| Видливост на рам/крило: | 108 mm до 177 mm |
|---|---|
| Длабочина на вградување: | 70 mm |
| Топлинска изолација Uf (EN 12412-2): | до 1,3 W/m²K |
| Звучна изолација Rw (ISO 10140-2): | до 45 dB |
| Заштита од насилно отварање (EN 1627): | до класа RC 3 |
| Отпорност на ветер (EN 12210): | до класа B5 |
| Непропустливост на пороен дожд (EN 12208): | до класа 9A |
| Пропустливост на воздух (EN 12207): | до класа 4 |
| Сила за отварање (EN 13115): | Класа 1 |
Влезни врати BRILLANT-DESIGN
Технички податоци
| Видливост на рам/крило: | 166 mm |
|---|---|
| Длабочина на вградување: | 70 mm |
| Топлинска изолација Uf (EN 12412-2): | до 1,6 W/(m²K) |
| Вредност на звучна изолација Rw (ISO 10140-2): | зависно од користеното полнење |
| Заштита од насилно отварање (EN 1627): | до класа RC 3 |
| Отпорност на ветер (EN 12210): | до класа B2 |
| Непропустливост на пороен дожд (EN 12208): | до класа 4A |
| Пропустливост на воздух (EN 12207): | до класа 2 |
EURO-DESIGN прозорци, балконски врати и врати за тераси
Технички податоци
| Видливост на рам/крило: | 108 mm до 128 mm |
|---|---|
| Длабочина на вградување: | 70 mm |
| Топлинска изолација Uf (EN 12412-2): | до 1,3 W/m²K |
| Звучна изолација Rw (ISO 10140-2): | до 45 dB |
| Заштита од насилно отварање (EN 1627): | до класа RC 2 |
| Отпорност на ветер (EN 12210): | до класа B5 |
| Непропустливост на пороен дожд (EN 12208): | до класа 9A |
| Пропустливост на воздух (EN 12207): | до класа 4 |
| Сила за отварање (EN 13115): | Класа 1 |
Додатоци за прозорци и врати
Исполнете го Вашиот дом од соништата со дизајн по вкус и пакети со индивидуална опрема. Решенијата, кои се прилагодени според Вашите желби се уникатни како што сте Вие и Вашиот стил.
Додатоци за прозорци и врати
RAUCERO
Нашиот поден праг без бариери RAUCERO – со висина на прагот од 0 mm – ги обединува функцијата и дизајнот. Лесен е за чистење и невидлив кога вратата е затворена.
SKYFORCE
SKYFORCE е заштитата од пад за највисоките дизајнерски барања: Сите видливи делови може да се усогласат со Вашата индивидуална боја на прозорецот.
INSILL
Со нивната ширина на фронтот од 40 mm и длабочини од 150 до 500 mm, под-прозорските даски, одлично се прилагодуваат на секоја просторија.
LINEA
Рачките за прозорци и врати LINEA се грижат за дополнителната безбедност и со својот едноставен изглед ги потенцираат јасните линии на современите прозорци.
Активна одржливост
Како активна компанија ширум светот, REHAU има посебна одговорност кон луѓето и животната средина. На овој начин, ние постојано ја оптимизираме нашата употреба на ресурси, како и енергетска ефикасност во нашите фабрики и производи. Прозорските профили на REHAU со ознаката за производ EcoPuls веќе денес содржат содржина на рециклат од 40 % до 75 % и се залагаат за позитивен еколошки отпечаток.
Наша средина, наша одговорност
Како компанија што произведува ширум светот, REHAU има посебна одговорност за луѓето и за животната средина. Затоа се подразбира дека ние постојано го оптимизираме користењето на нашите ресурси и енергетската ефикасност во нашите фабрики и нашите производи. До 2020 година, REHAU ќе инвестира повеќе од 65 милиони евра во постројките за рециклирање во сопственост на компанијата, како и во надворешни постројки за рециклирање, со цел одржлива заштита на ресурсите.
Понуда за Вашите прозорци - брзо и бесплатно
Едноставно. Индивидуално. REHAU. Добијте ја овде, во само неколку чекори ќе добиете индивидуалната понуда за Вашите прозорци. Контактирајте со нас сега!