Премиум влезни врати до совршенство

ARTEVO влезни врати

Стилски. Паметно. Сигурно.

Кога враќањето дома станува најубав момент од денот

Влезната врата е многу повеќе од само влез. Таа е првиот впечаток за вашиот дом, ветување за сигурност и премин кон вашето лично прибежиште.

Со влезната врата ARTEVO, REHAU ги носи предностите на повеќепати наградуваниот систем ARTEVO и до вашиот праг. Во јадрото е висококвалитетниот материјал RAU-FIPRO X, кој ги обединува најдобрите својства на вештачките материјали и стаклени влакна, во исклучително стабилен материјал. Резултат се влезни врати кои изгледаат префинето, лесно се ракуваат, воодушевуваат со паметни додатоци, се сигурни и убедуваат со врвна енергетска ефикасност.

ARTEVO

Стремеж и ветување истовремено

ART
Со безвременски, модерен и совршено обликуван дизајн - веќе класика.

EVOLUTION
Обединета стручност во еден систем: иновација и напредок, кои што го збогатуваат вашето секојдневие.

Тенки профили и рамена оптика*

за влезна врата на ниво на алуминиум.

Импресивна разновидност на бои и површини
за максимална индивидуалност.

Моќна топлинска изолација

за врвни резултати во енергетската ефикасност.

Исклучителна стабилност и сигурност
за пријатен дом што сигурно штити.

Уникатна кружна економија

за целосна одржливост.

Паметни функции и корисни додатоци
за влезна врата, која нуди повеќе.

*Рамна варијанта достапна од март 2027


Дел од целото или впечаток сам по себе

Влезните врати ARTEVO го даваат дизајнот на Вашата фасада. Кој претпочита да направи впечаток, го оформува влезниот дел преку боја и површина во намерна привлечна точка. Кој сака да биде дискретен, дозволува влезната врата да се вклопи суптилно во целината. Одлуката е Ваша.

Независно од тоа, влезните врати ARTEVO убедуваат со јасни, праволиниски форми и тесни изгледи и така се вклопуваат во хармонична целина со прозорците ARTEVO, кои веќе многупати се наградени од страна на експерти од светот на дизајн и архитектура, како и со подигачко-лизгачките врати ARTEVO.

За влезен дел целосно според Вашите замисли.

Врати кои се отвораат навнатре и нанадвор

Red Dot Award 2025
iF Design Award
ICONIC AWARDS 2024
German Design Award 2025
German Design Award 2024

Складно обликувано. Во секој детал.

Кубичен дизајн, хармонични линии, усогласени профили: влезните врати ARTEVO беспрекорно се вклопуваат во целокупната слика на Вашата зграда, притоа нудејќи речиси неограничена разновидност во дизајнот.

Единствена логика за дизајн. Од врата до прозор.

Модерниот дизајн на профилите со особено тесни изгледи и мали радиуси, создава јасни, остри контури и совршено се хармонизира со системот на прозорци ARTEVO. Без разлика дали е нова градба или модернизација: прозореците и влезната врата, изгледаат како да се направени од едно парче.

Рамна оптика на крилото (достапно од март 2027)
Изглед на крило со поместени рамнини
Детал на профилот за влезна врата ARTEVO за исполни, кои го прекриваат крилото
Профил за влезна врата за исполни, кои го прекриваат крилото
Совршен алу-изглед со капак

Флексибилните крила дополнително ги прошируваат можностите за дизајн: еднострано и двострано покривните исполни, како и опцијата за дизајн во иста рамнина (достапна од март 2027) овозможуваат модерен изглед на вратите во алу-стил. Резултатот: усогласен, доследно елегантен изглед без компромиси, кој беспрекорно се хармонизира со системот на прозорци ARTEVO и со подигачко-лизгачката врата ARTEVO.

Повеќе можности. Повеќе индивидуалност.

KALEIDO COLOR - боја и површински финиши за совршен изглед

Од кадифено-мат изглед на прашкасто бојадисување, преку мамливо реалистични дрвени декори, до совршен изглед на алуминиум, со алуминиумскиот капак KALEIDO COVER: влезните врати ARTEVO можат да се адаптираат во речиси секој дизајн. Со програмата KALEIDO COLOR имате практично неограничени можности за дизајн на Вашата влезна врата ARTEVO, без разлика дали е хармонично интегрирана во целокупниот изглед на фасадата или е стилски привлечна точка.

KALEIDO MATTEX

MATTEX

KALEIDO WOODEC

WOODEC

KALEIDO COVER

COVER

KALEIDO FOIL

FOIL

KALEIDO PAINT

PAINT


Изглед и допир на алуминиум, без надоместок за алуминиум

Со влезните врати ARTEVO профитирате од премиум-изглед со привлечен однос на цена и квалитет.

Висококвалитетниот дизајн долго време беше прашање на буџет. Влезната врата ARTEVO ги менува правилата. Бидејќи нуди премиум изглед и вредност, кои инаку се очекуваат само од алуминиумски врати. И тоа по привлечно ценовно ниво на PVC влезна врата.

Поголеми идеи, благодарение на врвна статика.

Материјалот со висок учинок RAU-FIPRO X дополнително овозможува големини на крилото до 1,35 x 2,5 m, кои се единствени на пазарот на врати од вештачки материјали. Така вратите ARTEVO, не заостануваат зад алуминиумските врати ниту по големина, и со нив можат да се реализираат проекти кои досега биле резервирани за алуминиумски решенија.

2,50 m

Максимална висина на крило

1,35 m

Максимална ширина на крило

Материјалот со висок учинок RAU-FIPRO X, зоните на јачина во надворешните ѕидови, како и зајакнатите внатрешни ребра, обезбедуваат потребната стабилност, која воопшто ја овозможува тенката естетика. Исполните кои го покриваат крилото и острите преклопувања со намалени радиуси го создаваат типичниот алу-изглед.

Висококвалитетен изглед на алуминиум по цена на PVC

Конвенционалните врати од вештачки маеријали, визуелно често се сметаат за втор избор. Влезната врата ARTEVO го докажува спротивното: дизајн во иста рамнина*, исполни, кои го покриваат крилото, тенки изгледи и висококвалитетни опции за површина, создаваат мамливо реалистичен изглед на алуминиум во поглед и допир.

*Достапно од март 2027


Удобност и сигурност во хармонија

Лесно управување, речиси без одржување, безбариерен праг и тестирана сигурност

Направено за напорниот секојдневен живот

Интегрираните зони на јакост и усогласената геометрија на профилот трајно ја одржуваат влезната врата ARTEVO во форма, дури и при поголеми формати и силно сончево зрачење. Тоа за вас значи: лесно, нежно отворање и затворање, како и влезна врата која со години функционира сигурно, без потреба од досадно дополнително подесување.

Со сигурност подобро чувство

Стандардните врати имаат ниска заштита од насилно отварање и затоа можат да бидат совладани за релативно кратко време. Влезната врата ARTEVO е тестирана според EN 1627 во класата на отпорност RC2. Кај вратите од оваа класа на отпорност се гарантира зголемена заштита при обиди за насилно отварање.


0 mm праг за под

Безбариерен праг без препреки за сопнување

Всушност, тој не го заслужува името „праг“. Со висина на надградба од 0 mm, прагот EASYSTEP zero овозможува рамен премин без препреки за сопнување. Потонувачкиот дихтунг во вратата, дополнително обезбедува сигурна заптиеност и спречува создавање траги на подот по дожд.


Паметно осмислено и паметно направено

Влезните врати ARTEVO се совршено подготвени за паметна автоматизација на домот. Бидејќи, како единствен систем на пазарот, тие имаат вграден кабелски канал.

Паметно подготвено: само кај ARTEVO

Не само паметно, туку и навистина досетливо: посебен кабелски канал, вграден во профилот на влезните врати ARTEVO, ги прифаќа кабелските врски на паметните компоненти, чисто и невидливо. Заштитен со визуелно незабележлив покривен профил, тој е достапен во секое време: без разлика дали за подоцнежна доградба на паметни компоненти или за максимално едноставно одржување.

Nuki Smart Module: Целосно поврзано решение за пристап

За прв пат, технологијата на Nuki, водечкиот европски давател на паметни решенија за пристап што можат да се доградат, е достапна и како вграден модул: Nuki Smart Module – развиен во соработка со REHAU Window Solutions. Така, вие имате корист од пристап без клуч преку апликација, Auto Unlock или преку тастатура со код, отпечаток од прст или NFC, како и удобно управување со пристапот и од далечина.

SMART PRIVACY: Интелигентна приватност со копче

Со притискање копче, стаклото се менува во мат стакло – домот станува приватна оаза, без да се откажете од дневна светлина. По избор уживајте во погледот кон навор или повлечете се во приватност, со паметната функција за заштита од погледи.


Топлина, која останува таму каде што припаѓа

Забележливо повеќе удобност за живеење и трајно пониски трошоци за енергија

Слабата изолација на надворешната врата се забележува пред сè во зима: студен провев, кондензација на рамката, повисоки трошоци за греење. Со ARTEVO надворешните врати, конечно е решен овој проблем. Благодарение на мулти-коморната геометрија и иновативната LowE-фолија, топлината останува внатре, а студот надвор.

Врвна топлинска изолација

Влезните врати ARTEVO се одликуваат со оптимизирана геометрија на профилот и 80 mm длабочина за максимална топлинска изолација. Стандардно, профилите постигнуваат Uf-вредности до 1,1 W/(m²K). Со опционалната LowE-технологија тие се намалуваат на 0,90 W/(m²K), а UD-вредности на до 0,80 W/(m²K).

1,1

W/(m²K)
Најдобра Uf-вредност во стандард

0,90

W/(m²K)
Најдобра Uf-вредност со LowE-технологија

Сертифицирано за пасивна куќа за момент

ARTEVO max е варијанта со дополнителна, иновативна REHAU LowE-технологија. LowE-фолијата има степен на емисија под 5% и го намалува топлинското зрачење во коморите на профилот. Профилите за влезни врати ARTEVO max се сертифицирани од Институтот за пасивни куќи во Дармштат за климатска зона „ладно-умерена”.


Одговорност за цел живот – и уште подалеку

ARTEVO ја носи ознаката REHAU EcoPuls и на тој начин е дел од кружната економија на REHAU. Со конзистентна употреба на рециклат во профилите системот дава придонес кон одржлива иднина.

REHAU веќе повеќе од 30 години работи на континуирано зголемување на уделот на рециклирани вештачки материјали во своите системи за прозорци и врати. Иновациите како REHAU Window.ID, помагаат да се идентификуваат вредните материјали и повторно да се искористат како суровини за иднината.

Пресек на профил за влезна врата ARTEVO со рециклат во јадрото на профилот
Рециклати во јадрото на ARTEVO, како и во лајсните за стакло

Одржливо и сертифицирано за иднината

Со ARTEVO TERRA, REHAU прави уште еден консеквентен чекор кон одржливи решенија. Варијантата со биоатрибуиран вештачки материјал дополнително значително го намалува CO₂-отпечатокот во споредба со конвенционалните системи. Површинскиот слој е изработен од биоатрибуиран PVC наместо нов PVC. Материјалот е сертифициран според стандардот ISCC PLUS и се базира на метод на масен баланс.

За производството се користи биобазиран етилен од одржлива, фосилно-слободна биомаса, која не се натпреварува со производството на храна. На тој начин, Product Carbon Footprint (PCF) на употребениот PVC се намалува за околу 90 % во споредба со конвенционално произведен PVC.

Кружен процес 100 % во сопствени раце


ARTEVO влезни врати во детали

Апсолутни врвни вредности во секоја димензија

ARTEVO влезни врати


Семејството на системи ARTEVO

360° премиум перформанси. За вашиот успех.

ARTEVO прозорци

ARTEVO влезни врати

ARTEVO влезни врати, рамни

Достапно од март 2027

ARTEVO подигачко-лизгачки врати

Достапно од март 2027


ARTEVO. Влезни врати, откриени одново.

За секојдневниот живот.

Passen Sie den Datenschutzhinweis entsprechend der eingesetzten Techniken an.

Prüfen Sie außerdem, ob ohne Zustimmung tatsächlich keine externen Ressourcen aufgerufen werden und beachten Sie, dass eigene Ergänzungen nicht automatisch blockiert werden. Informationen zu Cookies und wie Sie diese deaktivieren, finden Sie unter https://dev.weblication.de/dev/blog/base-cookies.php

Falls der Hinweis nicht benötigt wird, können Sie ihn über die Projektkonfiguration deaktivieren oder anders einblenden.

Datenschutzhinweis

Diese Webseite nutzt externe Komponenten, wie z.B. XXX, XXX, und XXX welche dazu genutzt werden können, Daten über Ihr Verhalten zu sammeln. Datenschutzinformationen

Notwendige Cookies werden immer geladen