Smart privacy oд REHAU - Вашите прозорци со визуелна заштита за повеќе приватност
Целосна приватност со притискање на само едно копче
Smart privacy oд REHAU: Заштитете го своето најинтимно скривалиште од љубопитни погледи. За чувство на слобода и сигурност во Вашиот дом.
Ново откривање на прозорците. За современиот живот.
Приватност и дискреција за Вас и Вашето семејство
Нашиот дом е нашето најинтимно скривалиште. Тука сакаме да поминуваме време со најмилите, да не бидеме вознемирувани и да се чувствуваме слободно.
Галеријата сè уште не содржи слики
Заштита и слобода наместо непријатност
Домот станува место за благосостојба, само кога не се чувствуваме вознемирено и можеме да се релаксираме. Туѓите погледи – без оглед дали се од пешаци или љубопитни соседи – може да го попречат ова чувство на безбедност и слобода и предизвикуваат непријатност. REHAU има решение за Вас!
Урбанизација и густа изграденост
Цените на земјишта и недвижности продолжуваат да растат, поради големата побарувачка. Како резултат на тоа, градежниците на недвижнини сè повеќе планираат повеќе единици на помали површини. Просторот за живеење сè повеќе се згуснува. Како резултат на тоа, приватноста станува сè поважна, особено во густо населените региони.
Галеријата сè уште не содржи слики
Модерна визуелна заштита – совршена интеграција
Со притискање на копче, својот животен простор благодарение на променливото стакло со едноставен изглед на матирано стакло го претворате во оаза на благосостојба, притоа не откажувајќи се од светлото.
Модерна удобност на живеењето
Со Smart Privacy од REHAU, прозорските стакла може да ги трансформирате од проѕирни во непроѕирни и обратно. Во проѕирна состојба можете да гледате низ стаклото однадвор и одвнатре, како и обично. Во непроѕирна состојба, стаклото е млечно и со тоа е непроѕирно. Во рок од неколку милисекунди може да ја поставите саканата дискреција и во исто време да ја пуштите дневната светлина во просторијата за да добиете пријатна и убава атмосфера.
Оптички софистицирано прозорско решение
Како во проѕирна така и во непроѕирна состојба, прозорците со Smart privacy од REHAU се уверливи со нивниот едноставен изглед, бидејќи завесите и плисираните ролетни веќе не се потребни. Вашите прозорци сами ја обезбедуваат саканата заштита на приватноста, без потреба од дополнителна опрема во просторијата. На овој начин, не мора да се разбиваат минималистичките стилови на опремување – за јасен изглед и естетика на просторијата без компромиси.
Нема поглед кон внатре, многу поглед кон надвор
Модерната архитектура напредува, кон големи стаклени површини и простории преплавени со светлина. Благодарение на Smart privacy од REHAU, не мора да се откажете од нив, дури и ако сакате поголема приватност. Уживајте во погледот нанадвор кога и да посакате. И користете ја функцијата за приватност штом посакате да се повлечете.
Прозорци, кои целосно се ориентираат според Вашите желби.
Останете незабележани секогаш кога ќе посакате. И добијте го целосниот поглед штом ќе Ви затреба.
Галеријата сè уште не содржи слики
Smart privacy од REHAU ја има во две различни изведби. На тој начин, новото решение за приватноста може да се дизајнира целосно според Вашите барања.
Smart privacy One од REHAU
Smart privacy One може да ја смени состојбата на целата прозорска површина, односно да се трансформира од непроѕирна во проѕирна на целата површина и обратно.
Smart privacy Select на REHAU
Паметната приватност Select може да се префрли во нетранспарентна, како на целата површина, така и во поединечни сегменти, одозгора надолу - или обратно. Така, на пример, само горната третина од прозорецот може да остане проѕирна и сепак да обезбеди прекрасен поглед, додека долната област ја нуди саканата дискреција.
Заштитени од туѓите погледи
Има многу прилики кога сакаме приватност – особено во бањата или во осветлените дневни соби и спални соби во самрак или навечер. Со паметната приватност на REHAU, оддалечени сте од соодветната поставка со само едно притискање на копчето. Така, може да се повлечете во секое време и да уживате во чувството на слобода и сигурност во сопствените четири ѕида.
Јасен поглед за миг
Исто толку важен колку и приватноста е јасниот поглед во вистинскиот момент. Интегрирано во влезната врата или во страничниот дел, застаклувањето со паметна приватност нуди визуелна заштита онолку долго колку што сакате и Ви овозможува да видите кој е пред вратата со притискање на копче. Вие ја имате контролата.
Галеријата сè уште не содржи слики
Уживајте во леснотијата.
Со паметната приватност на REHAU, ќе профитирате не само од паметната функција и модерната естетика, туку исто така и од максималната удобност.
Лесно ракување со копче
За различните варијанти на системот, потребен е едноставен преклопник или двоен преклопник за работа. Зависно од потребата, можни се различни конфигурации на копчето и прозорецот со Smart privacy, кое треба да се контролира: Може да контролирате само еден прозорец со едно копче или повеќе прозорци.
Наскоро достапно: Интеграција во постоечки системи на паметни куќи
Прозорците со Smart privacy може лесно да се интегрираат во постоечките системи за паметен дом преку стандардни интерфејси. Така ќе може лесно да ги контролирате Вашите поставки за приватност преку апликација, за уште поудобна работа. Можни се и поставки за автоматска работа на Smart privacy – на пример автоматска визуелна заштита кога ќе се стемни. Тоа може да се реализира со користење на системи од трети страни како што е KNX.
Повеќе време за опуштање
Во споредба со класичните завеси, иновативното решение за приватност е апсолутно хигиенско и, за разлика од завесите или ролетните, не бара дополнителен напор за чистење. Прозорците ги чистите како и обично, а потоа можете да седнете и да се опуштите.
Штити и од бучава
Застаклувањето со Smart privacy ги претвора Вашите прозорци во прозорци со звучна изолација од класа 4 – без специјално застаклување со звучна изолација. Таа го намалува звукот до 42 dB. На тој начин, звучната изолација е за 10 dB поголема отколку кај стандарден прозорец. При намалување на амбиенталните шумови од 10 dB, за половина се намалува изложеноста на бучава што ја перципира човекот, што прави клучна разлика во перцепцијата.
Намален отсјај
Сјајот и рефлексиите од светлината особено пречат на работно место со компјутер во домашната канцеларија или во канцеларијата. Прозорците со Smart privacy ја распрскуваат влезната сончева светлина и го намалуваат ефектот на отсјај - со ист продор на светлината.
* Прозорци со стандардно застаклување (Rw = 32 dB)
За постојано чувство на безбедност
Со паметното решение за приватност може да се чувствувате безбедни. Smart privacy oд REHAU ќе биде Ваша подршка дури и по многу години.
Галеријата сè уште не содржи слики
Отпорност за уште повеќе заштита
Со паметната приватност не се заштитувате само од несакани погледи. Специјалната стаклена конструкција ги прави стаклата особено отпорни, дури и на обиди за пробивање. Прозорците со Smart privacy ја постигнуваат класата на отпорност RC 2.
Прозорците со класа на отпорност RC 1, покажуваат помала заштита од насилно влегување и поради тоа може да се пробијат за релативно кратко време. Кај повисоките класи на отпор потребно е значително повеќе време, а пред сѐ се потребни и тешки алатки.
Подготвени за ветер и временски услови
Постојните решенија за приватност честопати укажуваат на очигледни слабости и се подложни на различни временски услови. Со Smart privacy oд REHAU, се одлучувате за стабилно и долготрајно решение коешто ја нуди посакуваната визуелна заштита независно од временската состојба. Невреме и град? Нема проблем.
Долготрајност без никакво одржување
Класичните системи со ролетни треба редовно да се чистат за да се избегнат наслаги. За максимална издржливост, се препорачува и чистење со спреј за подмачкување за да се одржат својствата на лизгање. Со Smart privacy од REHAU, може да се откажете од процесите на одржување и чистење. Паметното застаклување лесно издржува неколку милиони циклуси на префрлување – без никаков напор за одржување.
Стакло со заштита од паѓање
Поради посебната отпорност на застаклувањето со паметна приватност, паметните прозорци во форма на фиксно застаклување може да послужат како заштита од паѓање и на тој начин да го заменат францускиот балкон. Кога користите крилни врати, заштитата од паѓање REHAU SKYFORCE нуди идеален додаток. Живејте стилски, безбедно и безгрижно, без притоа да се откажете од најдобриот поглед кон надвор.
Галеријата сè уште не содржи слики
Паметна техника зад променливите стакла
Smart privacy од REHAU се заснова на фолија со течни кристали ламинирана во композитното стакло, што може да ја промени својата состојба кога се применува напон.
Начин на функционирање и конструкција на стаклата
Компоненти на системот
Контакт за Smart privacy / Се интересирате за Smart privacy?
Во случај на прашања во врска со Smart privacy, обратете се до контактот за сервис на Smart privacy на REHAU.
Ви благодариме на барањето. Ќе Ве контактираме колку што е можно побрзо.
Вашето барање не можеше да се испрати. Проверете ги задолжителните полиња. Ако проблемот продолжи, обидете се повторно подоцна.
Испратете ни барање
За да стапите во контакт со тимот на REHAU за Smart privacy, пополнете ги следните полиња. Полињата означени со * се задолжителни.
- Обраќање (Господин / Госпоѓа)*
- Наслов
- Име*
- Презиме*
- Фирма
- Улица* и Број*
- Поштенски код* и Место*
- Адреса на е-пошта*
- Телефонски број
- Вашата порака
Сите полиња означени со * се задолжителни и мора да се пополнат пред испраќање на формуларот.