INSILL Подпрозорски даски
Визит-картичка на убавите прозорци
REHAU INSILL: Со извонредни својства кои одговараат за секоја просторија
Решенија со стил
Со цел внатрешните подпрозорски даски да формираат усогласена единица со ентериерот, REHAU нуди многу различни дизајни, кои го нагласуваат личниот вкус. Со нивната ширина на фронтот од 40 mm и длабочини од 150 до 500 mm, подпрозорските даски, одлично се прилагодуваат на секоја просторија.
Соодветни за секој простор
Различните можности за дизајн имаат вистинско решение за сечиј вкус, од вистински изглед на природен камен, па се до изглед на вистинско дрво и тоа со различна структура и боја. Доколку е потребно, можно е ламинирање на фолијата во различни бои по вкус. Програмата ја заокружуваат, соодветни завршни капи за подпрозорските даски.
Детал, кој прикажува чувство за стил
Дизајн со исклучителни карактеристики
Уредувајте го внатрешниот простор, целосно според вкус, без да ја ограничувате удобноста.
Отпорни на вода
Дамките се отстрануваат едноставно, со топла вода или благи детергенти.
Нечувствителни
Врелите сончеви зраци не претставуваат проблем, подпрозорските даски се отпорни на топлина.
Топлинска изолација
Внатрешните прозорски даски поради празните комори во својата внатрешност, имаат изненадувачки својства на топлинска изолација.
Долготрајност
REHAU INSILL подпрозорските даски имаат исклучителна отпорност на боите и се издржливи на абење. Така, гребнатините едвај да имаат шанса.
Естетика комбинирана со практични решенија, за безгрижно секојдневие.
Извонреден квалитет REHAU придава особено значење на комбинацијата од висок квалитет и уникатни својства. На тој начин се гарантира долготрајност и придобивки на пријатното чувство и удобен живот со децении.