Modernes Haus mit großen ARTEVO Fensterfronten

Фикцијата станува реалност !

ARTEVO

Револиционерен нов премиум систем на прозорски профили, кој поставува нови стандарди на полето на дизајн, големини, продуктивност и одржливост.

АRTEVO e eдинствен. Остани информиран и понуди нешто што секој сака да ги има!

Одеднаш стануваш визионер во прозорската бранша.

Почеток на нова ера: ARTEVO обединува многубројни исклучителни карактеристики во револуционерно решение за професионалци за прозорци.
ARTEVO e:

- Визионерски
- Единствен
- Иновативен
- Продуктивен
- Одржлив

Бидете информирани и инспирирани и станете визонер во браншата на прозорците!

Пресек на профилот ARTEVO во антрацит
Пресек на профилот ARTEVO во антрацит

Со гордост го претставуваме: ARTEVO

Симбиозата од докажаниот високотехнолошки материјал RAU-FIPRO X и извонредната технолошка компетентност на REHAU овозможува искористување на целиот потенцијал на материјалот. Резултатот: најдобри перформанси во секој поглед, со истовремено најефикасна употреба на материјалот, за систем кој е супериорен во секој поглед. Или, како што ние го нарекуваме: ARTEVO.

RAU-FIPRO X

Стремеж и ветување истовремено

ART
Со безвременски, модерен и совршено обликуван дизајн – веќе денес класик.

EVOLUTION
Обединета стручна компетентност во еден систем: иновации и напредок што позитивно го менуваат светот.

Резултатот

Максимални големини на прозорците со јасни линии

за единствено чувство на просторот со премиум изглед.

Импресивна разновидност на бои и површини за индивидуалност без граници.

Топлинска изолација на врвно ниво

за најдобри вредности во поглед на енергетската ефикасност.

Дополнителна удобност и сигурност
за дом во кој се чувствувате пријатно.

Единствена кружна економија

за одржливост по цела линија.

Паметни функции и практични додатоци
за прозорци што едноставно можат повеќе.

Наградуван од експерти

Особено минималистичкото и современо обликување ги импресионира дури и експертите од дизајнот и архитектурата. Признанието „best of best“ на ICONIC AWARDS го потврдува ARTEVO како архитектонско решение насочено кон иднината и одржливо. Покрај тоа, титулата „Winner“ на German Design Award го нагласува извонредниот квалитет на дизајнот на ARTEVO.

Red Dot Award 2025
iF Design Award
ICONIC AWARDS 2024
German Design Award 2025
German Design Award 2024
Abstrakte Lichtstrahlen auf dunklem Hintergrund

Кога помалку станува повеќе

Компетентноста на REHAU за материјали и технологии го овозможува тоа: највисоки перформанси и ефикасна употреба на ресурсите во хармонија.
Што значи тоа? Цела низа дополнителни предности!

Повеќе стабилност

Со оптимизираната употреба на RAU-FIPRO X, ARTEVO целосно ги редефинира границите на изводливото. Резултатот: енергетска ефикасност, големина, дизајн, удобност, сигурност и одржливост на ново ниво.

Повеќе енергетска ефикасност

Со својата конструкција ARTEVO убедува со импресивни врвни вредности, кои дополнително се зголемуваат со опционалната употреба на новата, иновативна REHAU технологија LowE профил.

Повеќе дизајн и големина

Со елементи со висина до плафон без дополнителни надсветла и со своите праволиниски форми, ARTEVO гарантира најдобар поглед однатре и однадвор.

Повеќе можности за обликување

Ништо не е толку единствено како индивидуалните замисли за сопствениот дом од соништата. Токму затоа ARTEVO воодушевува со практично бесконечен простор за лични акценти во поглед на бојата и површината.

Повеќе удобност и сигурност

Кој ќе се одлучи за ARTEVO, има корист од извонредните својства во поглед на звучната изолација и заштитата од провала и ужива во удобност по цела линија.

Повеќе одржливост

Од производството со максимална употреба на рециклирани материјали, преку користењето, па сè до повторната преработка: прозорците ARTEVO имаат одлична слика и во поглед на еколошкиот биланс.

Повеќе паметни можности и практични додатоци

Покрај самиот прозорец, REHAU нуди мноштво дополнителни можности за унапредување на сопствениот дом.


Екстра силен, екстра енергетски ефикасен

Новата генерација профилни системи зајакнати со влакна обезбедува врвни перформанси на сите нивоа – вклучително и особено висока енергетска ефикасност.

Зголемени перформанси и стабилност

Со оптимизираната употреба на материјалот со високи перформанси RAU-FIPRO X, ARTEVO во потполност ги редефинира границите на она што е изводливо во поглед на големините на прозорците. Интергрирањето на компoзитен материјал зајакнат со стаклени влакна, обезбедува апсолутно рамномерна и сигурна распределба на оптеретувањето низ цел напречен пресек на профилот. Зоните на сила на надворешните ѕидови даваат дополнителна стабилност, крутост на торзија и стабилност на различни временски услови.


До 78% заштеда на енергија

Со ARTEVO max загубата на енергија преку прозорецот ја намалувате до 78 %*. Uf-вредност од само 0,79 овозможува дури и стандард за пасивни куќи – а топлината останува таму каде што припаѓа: во Вашиот дом.

Извонредна топлинска изолација

Дури и за времето додека се користат, ARTEVO прозорците убедуваат со својата одржливост. 90% од сите елементи на ARTEVO доаѓаат без челично засилување, па така не постои можност за појава на неповолни топлински мостови. Така се постигнуваат Uf- вредности до 0,98 W/(m2K).

Технологија LowE профил по избор

ARTEVO max нуди енергетска ефикасност до совршенство – варијанта на профилот со дополнителна, иновативна технологија на профилот REHAU LowE. Со користење на фолијата LowE во рамката и крилото на прозорецот, ARTEVO постигнува Uf вредности до 0,82 W/(m²K), стандард за пасивни куќи според Dr. Feist.

Едноставно до стандардот за пасивни куќи

Профилите за прозорци ARTEVO max се сертифицирани од Passivhaus-Institut во Дармштат и без проблем ги исполнуваат високите барања на швајцарската сертификација Minergie-P.

* Намалување на загубата на енергија преку прозорецот при замена на стари дрвени/пластични прозорци од 1980-тите години (Uf = 1,9; Ug = 3,0) со прозорци ARTEVO max (Uf = 0,79; Ug = 0,4), големина на прозорецот 123 x 148 cm.


Уште поголеми прозорци и архитектонски на највисоко ниво.

Одеднаш си експерт за дизајн на сцената на прозорците.

ARTEVO – Фикцијата станува реалност.

Прозорци со совршен дизајн

Јасните и аголни контури обезбедуваат естетика на највисоко ниво. Посебно тесните профили отвораат нови архитектонски можности со влез на максимална природна светлина.

Пресек на профилот ARTEVO во антрацит
Пресек на профилот ARTEVO во антрацит

Висококвалитетна оптика

Во својата верзија која се порамнува со површината, ARTEVO постигнува уреден и едноставен дизајн со изглед на алуминиум.

Пресек на профилот ARTEVO со тесно крило

Тесно дизајнерско крило

Особено тесното дизајнерско крило блеска со префинет изглед и уште поголем влез на светлина.

Пресек на профилот ARTEVO со алуминиумска облога KALEIDO COVER

Совршено алуминиумско доживување

ARTEVO овозможува големини на прозорците кои досега беа резервирани за алуминиумот. Во комбинација со алуминиумските облоги KALEIDO COVER, прозорците воодушевуваат и со висококвалитетен алуминиумски изглед.

Прозорски елементи со висина до плафон без надсветла

Дури и прозорските елементи, со висина до плафон, со висина на крилото до 2,80 m се функционално сигурни.
До висина од 2,45 m не мора да се користат челични засилувања.


Така ARTEVO станува индивидуално доживување

Покрај својата безвременска елеганција, ARTEVO убедува и со можноста за поставување сосема лични акценти во поглед на бојата и површината.

Практично неограничени можности

Програмата KALEIDO COLOR нуди огромен избор на бои и дизајнерски варијанти. Во зависност од посакуваниот изглед и претпочитаната структура на површината, се применуваат нашите различни постапки.

Кога комбинацијата прави разлика

Се разбира, однатре и однадвор може да се комбинираат различни изгледи.

Совршената завршница

Обоените основни профили обезбедуваат постојано висококвалитетен изглед на прозорците – дури и кога се отворени. Достапни во антрацит, кафеава или бела боја.

Спална соба со прозорци ARTEVO до подот
Модерна тераса пред големи стаклени површини ARTEVO

Удобност и сигурност во хармонија

Благодарение на стабилизирачките стаклени влакна во профилите ARTEVO, системот од 80 mm со леснотија носи тешки звучноизолациски и безбедносни стакла.

Праг од 0 mm

Пристап без бариери и без сопнување
Всушност, тој и не го заслужува името „праг“. Со висина од 0 mm, прагот RAUCERO* овозможува премин на ниво на подот без опасност од сопнување. Благодарение на паметната спуштачка дихтунга, се избегнуваат траги на подот или на прагот. Особено удобно е и чистењето, благодарение на лесно отстранливата решетка од нерѓосувачки челик.

Сигурност RC 3

Црвен картон за провалниците
Прозорците ARTEVO без проблем ја постигнуваат класата на отпорност RC 2 – дури и без челично засилување. Дури и барањата на класата на отпорност RC 3 можат да се исполнат со соодветни дополнителни мерки.* Стандардните прозорци имаат мала заштита од провала и затоа може да се совладаат за релативно кратко време. Кај прозорците со класа на отпорност RC 2 односно RC 3, пак, е потребно значително повеќе време и, пред сè, тежок алат.

Удобност и сигурност со ARTEVO

Лесно одржување
Кај белите прозорци, над основната структура од RAU-FIPRO X зајакната со влакна, се наоѓа елегантната површина HDF (High Definition Finishing). Таа е исклучително мазна, отпорна на нечистотија, лесна за чистење и обезбедува најдобра отпорност на временските услови.

Дневна соба со отворена врата за тераса ARTEVO
Работна соба со големи бели прозорци ARTEVO

97% потивко

Повторно уживајте во домот
Бучавата го нарушува здравјето, дури и кога повеќе не ја забележуваме свесно. Прозорците ARTEVO го подобруваат квалитетот на живеење, бидејќи ја намалуваат бучавата до 48 децибели. Тоа одговара на намалување на бучавата за човечкото уво од речиси 97%.

100% удобно

Направени за секојдневието
Тоа што кај поголемиот дел од елементите ARTEVO може да се избегне челичното засилување, се исплати и при ракувањето. Малата тежина го олеснува ракувањето дури и кај големите крила. Покрај тоа, промислената геометрија на дихтунзите го намалува притисокот при затворање и овозможува лесно отворање и затворање.


Одржливост по цела линија

Одеднаш ги играте сите на ѕид, кога станува збор за одржливоста.

ARTEVO – Фикцијата станува реалност.

Кружна економија – обмислена до детал

Награден со ознаката EcoPuls, ARTEVO се залага за кружната економија на REHAU и за јасна посветеност на одржливоста. Со содржина на рециклиран материјал во јадрото на профилот, системот дава активен придонес за поодржлива иднина.

Пресек на профилот ARTEVO со јадро од рециклиран материјал
Пресек на профилот ARTEVO со јадро од рециклиран материјал

Максимална топлинска изолација, максимално рециклирање

На крајот на долгиот животен циклус, ARTEVO повторно станува извор на суровини за нови прозорци. Дури и фолијата REHAU LowE може, без никаков проблем, да биде внесена во процесот на рециклирање, бидејќи не се користат изолациски пени.

Кружниот тек 100% во сопствени раце

REHAU веќе повеќе од 30 години работи на тоа уделот на рециклирана пластика во нашите прозорски системи постојано да се зголемува. Иновациите, како што е REHAU Window.ID, помагаат вредните материјали да се идентификуваат и повторно да се користат како суровини на иднината.

REHAU EcoPuls
Нашата кружна економија
ARTEVO Profilschnitt mit LowE-Folie in den Kammern

ARTEVO TERRA: Ремек-делото во поглед на одржливоста

Покривниот слој од био-базиран PVC го обвиткува јадрото на профилот од рециклиран материјал зајакнат со влакна – идеална комбинација за минимален јаглероден отпечаток (CO₂).

Тоа ја прави разликата


Покривен слој

со до 100% био-атрибуиран PVC


Без челик

кај елементи со големина до 2,40 m


Лајсна за стакло

со до 80% рециклиран материјал

Завршна обработка на површината

CO₂-неутрално произведен, воден и рециклабилен лак KALEIDO PAINT*

Рециклабилна фолија LowE

во варијантата ARTEVO TERRA max* за максимална топлинска изолација без пена

Јадро на профилот

со до 78% рециклиран PVC зајакнат со влакна

* Опционални варијанти на опремата за уште поголема одржливост

Одржливоста редефинирана

Повеќе од три децении REHAU е посветен на целта за вистинска кружна економија. Сега следува следниот чекор: употребата на одржливи пластични материјали. Профилите ARTEVO во јадрото се состојат од рециклиран PVC зајакнат со влакна, обвиткан со тенок слој од нов материјал. Кај ARTEVO TERRA, PVC-то во покривниот слој, кое вообичаено се произведува од фосилни суровини, го заменуваме со био-атрибуиран PVC, чија полимерна матрица е произведена 100% од растителни суровини. Со тоа се постигнува околу 90% помал јаглероден отпечаток (CO₂) на производот.

Сертифициран квалитет

Кај ARTEVO, REHAU користи био-атрибуиран PVC. Тој е сертифициран според стандардот ISCC PLUS и се базира на постапка на масовен биланс. За производството се користи био-базиран етилен од одржлива биомаса без фосилни суровини, која не е во конкуренција со производството на храна.

Модерна куќа со големи стаклени површини ARTEVO
Модерна куќа со големи стаклени површини ARTEVO

Перформанси без компромиси

ARTEVO TERRA може да се избере како нискојаглеродна варијанта за сите профили за прозорци и врати од нашиот премиум прозорски систем ARTEVO. При тоа, профилите ARTEVO TERRA убедуваат со истите 360° перформанси како ARTEVO: идентичен квалитет на производот, исти технички вредности, максимална сила и стабилност, како и одличен дизајн. Целосната можност за рециклирање, како кај вообичаената PVC-рецептура, исто така останува.


Паметни функции и практични додатоци за модерен дом

ARTEVO не убедува само со извонреден дизајн. Промислените дополнувања ги подигаат прозорците на сосема ново ниво.

Жена во бањарка пред прозорец со стакло за визуелна заштита

Приватност со притискање на копче

Со притискање на копче, REHAU Smart privacy го претвора животниот простор во приватна оаза на благосостојба – со префрлливо стакло со едноставен изглед на матирано стакло, без притоа да се откажете од светлината. Така, по избор, можете да уживате во погледот надвор или да се повлечете во мир со паметната функција за приватност.

Бела рачка за прозорци LINEA на темна прозорска рамка

Елеганција и сигурност

Едноставниот изглед на рачките за прозорци LINEA совршено се вклопува со праволиниските контури на прозорците ARTEVO. Дополнителна сигурност обезбедува патентиран механизам за блокирање. Така се отежнува неовластеното поместување на оковот на прозорецот однадвор.


Паметно искористени синергии

Одеднаш имаш навистина многу време.

ARTEVO – Фикцијата станува реалност.

Стратегија на платформа од 80 mm

Паметната стратегија на платформата од 80 mm масовно ја намалува сложеноста и создава незамислива слобода:

  • Исти додатни профили како за SYNEGO
  • Исти лајсни за стакло како за SYNEGO – за рам и крило
  • Ист поден праг како за SYNEGO

Универзални челични зајакнувања кои ја олеснуваа обработката.

Се ќе стане полесно

Одеднаш црпиш од полнoто.
ARTEVO - Фикцијата станува реалност.

Маж крева шипка со тегови во фото-студио

Дизајниран за оптимизирани производни процеси

Сите компоненти на ARTEVO се дизајнирани за апсолутно ефикасно и продуктивно производство:

  • Изрaботката на големи елементи е можна и без употреба на челично засилување.
  • Стратегијата на платформата од 80 mm создава многу корисни синергии.
  • Геометријата на профилот е оптимизирана за технологијата на лепење.
  • Фолијата REHAU LowE може да биде фабрички интегрирана. Но едноставно се изведува и аплицирањето на фолијата при самиот процес на изработка на прозроецот. Веќе не се потребни топлински модули кои одземаат многу време или пак пенење на профилите.
  • Универзално челично засилување за рам, крило и мала слепа пречка.
  • Со двете челични засилувања крилото, не е потребна обработка на челикот.

Ова ја намалува работата, времето и трошоците.


ARTEVO во детали

Апсолутни врвни вредности на еден премиум систем

Пресек на профилот ARTEVO во антрацит
Пресек на профилот ARTEVO во антрацит
Пресек на профилот ARTEVO со тесно крило
Пресек на профилот ARTEVO со крило порамнето со површината
ARTEVO Fensterprofile in abstrakter Darstellung

Буди желби

Одеднаш имаш нешто што секој сака да ги има.

ARTEVO - Фикцијата станува реалност.


Регистрирај се овде, за да останеш информиран. Со ARTEVO постани визионер со прозроската бранша.

Passen Sie den Datenschutzhinweis entsprechend der eingesetzten Techniken an.

Prüfen Sie außerdem, ob ohne Zustimmung tatsächlich keine externen Ressourcen aufgerufen werden und beachten Sie, dass eigene Ergänzungen nicht automatisch blockiert werden. Informationen zu Cookies und wie Sie diese deaktivieren, finden Sie unter https://dev.weblication.de/dev/blog/base-cookies.php

Falls der Hinweis nicht benötigt wird, können Sie ihn über die Projektkonfiguration deaktivieren oder anders einblenden.

Datenschutzhinweis

Diese Webseite nutzt externe Komponenten, wie z.B. XXX, XXX, und XXX welche dazu genutzt werden können, Daten über Ihr Verhalten zu sammeln. Datenschutzinformationen

Notwendige Cookies werden immer geladen